Пехчево: Потпишување на Меморандум за соработка

ОпштиниПехчево: Потпишување на Меморандум за соработка

Најчитано

Во просториите на Општина Пехчево беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Мрежата за рурален развој на Република с. Македонија со партнерот  ЛАГ Малеш – Пијанец и Општина Пехчево, БИ ГРУП 18 ДООЕЛ, ЈКП Комуналец- Пехчево, Црква Св. Петар и Павле, Организација на жени во Пехчево, Здружение за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“, Здружение Едукативен центар за зачувување на природата, с. Негрево – Пехчево за реализација на проектната иницијатива на територијата на ЛАГ Малеш – Пијанец.

Меморандумот ги објаснува главните насоки за идна соработка помеѓу партнерите во спроведување на проектната иницјатива „Чистење на речното корито на реката Писа“, поддржано од проектот „Програма за развој на заедницата“ финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој  – УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Република с. Македонија. Овој меморандум претставува темел за понатамошна соработка помеѓу засегнатите страни, која ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација за да се обезбеди што поквалитетна услуга на сите засегнати страни од областа на развој на зедницата.

Соработката има за цел подобрување на состојбата со животната средина преку иницирање на соработка и активизам на жителите на Општина  Пехчево, која ќе овозможи подобри услови за живот на локалното население.

 

 

Извор: Општина Пехчево

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе