spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПендаровски прифати да се преговара со историските прашања

Пендаровски прифати да се преговара со историските прашања

Претседателот Стево Пендаровски во неговите контрадикторни изјави, повторно се демантираше себеси. Во интервју дадено пред два дена, самиот Пендаровски призна дека Бугарија ќе има право на вето, доколку Комисијата не се договори за историските личности.

Со ова, Претседателот Пендаровски призна дека го прифатил предлогот кој првично наводно го одбил – а тоа е дека нема влез во ЕУ без договор со Бугарија за историските прашања!

Очигледно е дека Пендаровски целосно е ставен во служба на врховистичките барања, за што говори и неговото ретерирање од барањето на писмени гаранции од Бугарија и ЕУ за понатамошниот тек на преговорите. Иако, првично токму тој бараше писмени гаранции за барањето за промена на Уставот да биде последно од страна на Бугарија, тој подоцна ретерираше и изјави дека такви писмени гаранции би биле преседан и не можеме да ги очекуваме.

Го потсетуваме претседателот Пендаровски дека преседан претставува тоа што се преговара за историски прашања за влез во ЕУ, наместо фокусот да е ставен на Копенхашките критериуми. Дури и поранешниот евроамбасадор Фуере призна дека Преговарачката рамка е преседан во историјата на преговорите за пристапување кон Европската Унија, каде нема никакви гаранции дека Бугарија нема да го злоупотребува ветото за да наметне своја верзија на историјата.

Францускиот предлог ги сублимира вековните големобугарски идеи, и поради тоа Османи повеќе од една недела го крие Протоколот кој треба да го потпише со министерката Генчовска.

Му порачуваме на Претседателот Пендаровски, дека, иако Македонија е географски мала држава, таа дала големи жртви во здружената борба против фашизмот на европскиот континент. Нашиот проблем е содржан во малите политичари кои немаат државотворен капацитет да ги одбранат националните позиции од внатрешните и надворешните закани.

Исто така, препорачуваме Претседателот Пендаровски да ја види големината на илјадниците Македонци кои секој ден протестираат против неговите предавнички политики. Големината на оние кои веруваат дека Македонија има капацитет и храброст повторно да застане на правилната страна на историјата.

Во оваа историска приказна, политичарите од СДС и ДУИ одбираат да бидат запишани како своевидни предавници на сопствената држава, на корист на фашизоидните апетити на соседни земји, кои одбиваат да се откажат од идеите за големодржавни конструкции.

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...