spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Спасовски во посета на 75-иот реконструиран објект на ОВР Берово

МВР: Спасовски во посета на 75-иот реконструиран објект на ОВР Берово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР оствари посета на реконструираниот објект на Одделението за внатрешни работи Берово, во присуство на градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, при што беше извршен увид во градежно-занаетчиските работи на овој објект којшто е 75-иот реконструиран објект на Министерството, во рамки на стратешкиот план за севкупно подобрување на условите и материјално-техничките капацитети на македонската полиција.

„За целосната реконструкција и санација на 75-иот реконструиран објект на ОВР Берово беа издвоени 26 милиони денари од буџетот на Министерството, и по направениот увид можам да констатирам дека сите планирани  градежни  работи се  извршени навремено и квалитетно, при што се имплементирани потребните мерки и стандарди за енергетска ефикасност на објектот“, посочи министерот за внатрешни работи Спасовски, додавајќи дека сега веќе над 60% од бројот на објекти се енергетски ефикасни, а за имплементација на овие мерки, вклучително со комплетните реконструкциски активности, од буџетот на МВР беа инвестирани околу  460 милиони денари.

Министерот Спасовски ја најави и кампањата што од наредната недела стартува во рамки на МВР под мотото „Сината униформа дејствува за зелена околина“, која произлегува од веќе реализираните активности во насока на зголемување на енергетската ефикасност и поголемо учество на обновливите извори на енергија преку инвестициите во објектите на МВР и која има за цел да ја подигне јавната свест кај институциите, деловните субјекти и граѓаните дека секој може да придонесе за поголеми заштеди и заедничко менување на енергетскиот профил на државата, но и намалена загаденост на воздухот и зелена околина.

Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски упати благодарност до МВР што овозможија после долги години зградата на ОВР Берово да биде целосно реконструирана и во нови услови да нуди модерен сервис на услуги кон граѓаните, силно гарантирајќи ја нивната безбедност и сигурност.

„Со реконструкцијата на овој објект уште еднаш ја потврдуваме заедничката посветена работа која се гледа во сите општествени сфери. Уште повеќе што имплементираните мерки за енергетска ефикасност се во насока на определбата на беровци, нашето Берово да остане еколошки чисто, за во него да продолжат да се произведуваат еко производи, препознатливи во целата држава. А нашата полиција останува пример за тоа како се дејствува одговорно и како се сака татковината”, рече Пекевски во изјавата пред медиумите.

Министерството за внатрешни работи продолжува со несмален интензитет во реализацијата на зацртаните градежни активности, опремување и зајакнување на капацитетите, имплементирање на европски стандарди, во насока на подобрување на условите за работа на полициските службеници, а со цел подобри резултати во полициското работење и унапредување на севкупната безбедносна состојба.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...