spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваТренчевска: Со изградбата на новата детска градинка „Пролет“ во Општина Центар, обезбедуваме...

Тренчевска: Со изградбата на новата детска градинка „Пролет“ во Општина Центар, обезбедуваме влез на нови 150 деца во предучилишниот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, официјално го означија почетокот на изградба на новата детска градинка „Пролет“, која се наоѓа во населба Пролет.

Новата градинка, која е прва градинка во населба Пролет ќе обезбеди опфат на 150 деца, сместени во 9 занимални. Овој капитален проект ќе обезбеди поддршка во згрижувањето на децата од населбите Пролет и Маџир Маало.

Министерката Тренчевска го потенцираше значењето на предучилишното згрижување и воспитание, кое е клучно за понатамошниот психо-физички развој на децата и нивно поуспешно прилагодување во понатамошниот образовен процес. Таа ја посочи како особено значајна инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост која оваа градинка ја има воспоставено при креирањето на проектот за нејзина изградба.

„Како министерство чија надлежност е детската заштита, во континуитет инвестираме во зголемување на капацитетите за згрижување на деца, креирање на програми за работа соодветни за возраста на децата, но и не помалку значајно, зајакнување на капацитетите на вработените во јавните установи за предучилишно воспитание,“ рече Тренчевска.

Таа информираше дека од 2017 година до денес, обезбеден е опфат на нови 4300 деца во предучилишно воспитание, преку изградба на 69 градинки ширум државата, а само во градот Скопје се отворени 17 детски градинки.

„Со изградбата на оваа градинка се овозможува децата кои се на листите на чекање за прием во детските градинки во другите населби, да влезат во воспитно-образовниот систем и да се подготват за образовниот процес. Воедно, им овозможуваме на младите родители згрижување на нивните дечиња но создаваме и услови за нови вработувања,“ истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој информираше дека изградбата на детската градинка е резултат на ослободено државно земјиште по ревидиран Детално урбанистички план и е место на кое претходно бил впишан деловен објект. Герасимовски потенцираше дека локалната самоуправа треба да работи според потребите на граѓаните.

До крајот на годината, предвидено е отворање на уште четири објекти во Скопје и тоа во општините, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром и Сопиште, а градинките во Чаир и Арачиново, кои се исто така во тек на градба, а ќе бидат отворени 2023 година.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...