spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииАнтиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев ја очекува нов пораз во Собранието

Антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев ја очекува нов пораз во Собранието

Одговор на новинарско прашање на Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ

Прашање: Мицкоски побара од пратениците од СДСМ да го одбијат предлогот, каков е вашиот коментар за овој повик?

Одговор: Јас сметам дека Мицкоски треба да повика дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да прават блокади и опструкции и да не одработуваат за туѓи центри и држави кои не и мислат добро на оваа држава. Да дојдат на пленарната седница и да дискутираме и да ги соочиме аргументите и на крајот да донесеме заклучоци, со кои ќе ја обврземе Владата, оваа и секоја наредна, во делот на спроведување на процесот да се зачува чистиот македонски јазик, македонскиот идентитет и посебноста со сите историски, образовни и културни карактеристики и истите да не бидат дел од праговарачката рамка како што е сега.

Јас очекувам дека дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и целата опозиција, ќе ги поддржат овие заклучоци зошто многу често ги слушаме дека влегувањето во ЕУ е потребно на државата со зачуван македонски јазик, идентитет и посебноста на македонскиот народ во делот на историските, културните каратеристики надвор од преговарачката рамка.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...