Борбата против корупцијата е успешна само ако има заеднички и координиран пристап од сите клучни сегменти во општеството

ОпштиниБорбата против корупцијата е успешна само ако има заеднички и координиран пристап...

Најчитано

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Рим, Италија ја посети Националната антикорупциска комисија на Италија (АНАК) и имаше состанок со претседателот на Комисијата, Џузепе Бузиа.

Вицепремиерката Грковска на состанокот ја истакна силната определба на Владата на Република Северна Македонија во соработка со македонската Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Бирото за јавни набавки, Државниот завод за ревизија, но и во партнерски однос со граѓанскиот сектор, да креира и имплементира ефикасни и ефективни антикорупциски политики кои ќе дадат конкретни резултати.

Таа ги презентираше трите клучни столба на кои е фокусиран нејзиниот Кабинет, а тоа се антикорупциските политики, дигиталната трансформација на општеството, како и професионални, ефикасни и отчетни институции.

„Борбата против корупцијата е успешна само ако има заеднички пристап и заеднички заложби од сите клучни сегменти во општеството. Сите заедно треба да изградиме систем кој ќе даде одржливи и долгорочни резултати“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Претседателот Бузиа се согласи дека само преку ваков сеопфатен, холистички пристап може да се дојде до конкретни резултати. Она што е важно, додаде тој, е фокусот да биде на превенција на корупцијата преку соодветни антикорупциски политики.

Тој нагласи дека принципите за интегритет, како и транспарентноста во сите процеси на јавниот сектор, особено во делот на јавните набавки се клучни во превенцијата од евентуална корупција и злоупотреби на системот.

Двајцата соговорници се согласија дека во процесот на идентификување на ризиците од корупција многу е важна анализата на податоците во сите фази на јавните набавки што завршиле. Тоа може да биде многу добра основа за креирање на идни ефикасни политики.

Претседателот Бузиа информираше дека АНАК во моментов завршува таква анализа, која наскоро ќе биде објавена и ѝ понуди на вицепремиерката Грковска тие податоци да ги сподели со нејзиниот Кабинет.

Вицепремиерката Грковска и претседателот Бузиа се согласија дека во наредниот период ќе ја интензивираат и продлабочат меѓусебната соработка.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе