Град Скопје: Продолжува дезинсекцијата против ларви и возрасни форми на комарци

ОпштиниГрад Скопје: Продолжува дезинсекцијата против ларви и возрасни форми на комарци

Најчитано

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 14.07.2022 година (четврток) ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Исто така, на 16.07.2022 (сабота) година ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 18.07.2022 (понеделник) година ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Прскањето ќе се врши според следниот распоред:

 

  1. Авионската и терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 14.07.2022 (четврток), во раните утрински часови (авионски) и во текот на денот (терестрично).
  2. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 16.07.2022 (сабота) и 17.07.2022 (недела), во раните утрински часови.
  3. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 18.07.2022 (понеделник) до 21.07.2022 (четврток), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

 

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе