spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба на министерот Алити со ЗЕЛС, АЕК, ЈПНР и НКБК

МИОА: Работна средба на министерот Алити со ЗЕЛС, АЕК, ЈПНР и НКБК

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска оствари работна средба со Данела Арсовска-претседателка на ЗЕЛС(Заедница на единиците на локална самоуправа), со Јетон Акику-директор на АЕК(Агенција за електронски комуникации), со директорот на ЈП Национална Радиодифузија Ендрин Кадриу, како и со членовите на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК).

Меѓу темите за коишто се разговараше, беа широкопојасниот интернет и имплементацијата на супербрзиот интернет на територијата на Република Северна Македонија.

Наскоро ќе се започне со физибилити студијата, а од суштинско значење е вклученоста на сите страни, беше констатирано на работната средба.
Исто така договорено е во иднина да продолжат да се одржуваат вакви работни состаноци со утврдена динамика.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте