spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски го негира македонскиот јазик, лаже дека е кодификуван 1977

Мицкоски го негира македонскиот јазик, лаже дека е кодификуван 1977

Христијан Мицкоски го негира македонскиот јазик, гостува по странски телевизии и шири срамни тврдења дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година.

Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот мајчин јазик.

Наспроти ваквите срамни тврдења на Мицкоски дека македонксиот јазик е кодификуван во 1977 година, секој македонски граѓанин знае дека Кодификацијата на Македонскиот јазик се случила и многу порано и дека е поврзана со Решението на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука и со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година.

Затоа и Владата предводена од СДСМ го усвои 5 мај за Ден на македонскиот јазик, на денот кога е усвоена македонската азбука.

При вакви историски факти, да се тврди дека македонскиот јазик е кодификуван дури во 1977 година е нанесување директна штета на македонските национални интереси.

Мицкоски треба да си ги научи корените а се до тогаш да престане да оди по странски телевизии и да се брука себеси и граѓаните тврдејќи дека македонскиот јазик бил кодификуван 1977 година.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...