МЖСПП: Отворени сме за соработка и забрзување на процесот на ревалоризација на НП Маврово

МинистерстваМЖСПП: Отворени сме за соработка и забрзување на процесот на ревалоризација на...

Најчитано

На работниот состанок со претставниците на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест, Македонското еколошко друштво (МЕД), Фронт 24/42 иЈУНПМаврово разменивме мислења за процесот на репрогласување на НП Маврово за заштитено подрачје во категорија два- национален парк. Напорите на МЖСПП се насочени кон забрзување на процесот и ние сме подготвени да и помогнеме на ЈУНП Маврово во обезбедување на финансиски средства потребни за ревизија/дополнување на Студијата за ревалоризација на ова заштитено подрачје од 2012г.

 

Стручните лица од МЖСПП информираа за бројните податоци со кои се располага како резултат на други студии и проекти реализирани во изминатиот период, а претставуваат добра основа за корекција и дополнување на постечките податоци за НП Маврово.

Задоволен сум што граѓанските здруженија, исто така го потврдија својот интерес за што поскоро завршување на овој процес со што ќе се обезбеди подобра заштита на природните вредности, но и ќе се овозможи социо-економски развој на подрачјето.

Во оваа прилика потестив на фактот дека завршување на процесот на револоризација е услов за донесување на Планот за управување со НП Маврово што е основа за обезбедување на донаторска поддршка. Исто така укажав на важноста од изработка и на Социо-економска студија врз чија основа правилно ќе се трасира социо-економскиот развој на ова подрачје со бројни природни вредности, но и со многу неискористени можности.

Состанокот беше организиран на иницијатива на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест, а во рамки на кампањата Save the Blue Heart of Europe.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе