Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, во Приштина, Република Косово, одржа работен состанок со Фламур Кадриу директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово.
На состанокот беше договорено воспоставената билатерална соработка на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните да се официјализира со потпишување на меморандум за соработка.
Развојот на трговијата е во интерес на унапредување на економиите на двете земји. Унапредувањето на соработката е и во интерес на реализација на регионалните приоритети, не само во областа на безбеднoста на храната, туку и во ветеринарството. Овде, акцентот е ставен на контролата на болестите кај животните, особено на оние за чие сузбивање и ставање под контрола е неопходно координирано преземање на различни мерки
-истакна директорот Бабовски.
Претставници на АХВ ја презентираа актуелната состојба со болестите кај животните во нашата земја и мерките кои се преземаат за нивна контрола и сузбивање.
На состанокот, акцент беше ставен и на меѓуинституционалната размена на информации за безбедноста на храната и трговијата, за чие олеснување разгледани беа неколку предлози и беа разменети и искуства.