Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2022 година изнесува 71 627, од кои 31.6 % се домашни туристи, а 68.4 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во мај 2022 година изнесува 153 686, од кои 35.1 % се на домашни туристи, а 64.9 % на странски туристи.
Во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 74.3 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 26.7 %, а кај странските зголемувањето е за 133.0 %.
Во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 68.6 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 32.8 %, а кај странските зголемувањето е за
110.1 %.
Извор: Државен завод за статистика