Во големиот парк на Гостивар, општина Гостивар и офталмологија Систина, во соработка со Средното медицинско училиште „Гостивар“, организираа бесплатни прегледи за граѓаните.
Граѓаните имаа можност да имаат бесплатни здраствени контроли на мерење на крвниот и очниот притисок и шеќерот во крвта.
Здраствената контрола ја направи и и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој истакна дека во овие денови со високи температури граѓаните треба да внимаваат на секојдневните излегувања и активности.
“Ја искористив можноста да бидам дел од овие прегледи и да ја пренесам пораката дека здравјето е на прво место. Затоа, во овие денови со високи температури, сакаме со оваа активност да ја подигнеме свеста на граѓаните да бидат повнимателни со своите излегувања и секојдневни активности, особено ранливите групи кои боледуваат од хронични заболувања”, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Извор: Општина Гостивар