spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Продолжува соработката со Democracy Lab

Гостивар: Продолжува соработката со Democracy Lab

Продолжува соработката помеѓу Democracy Lab и Општина Гостивар за Центарот за млади и заедница „YCC“

Во таа насока, вчера беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението за унапредување на демократијата – “Demokracy Lab” и локалната самоуправа.

“Овој Меморандум за соработка предвидува продолжување на финансиската поддршка од општина Гостивар и во наредните 4 години. Меморандумот го потпишавме заедно со директорот на Demokracy lab, Сефер Селими“, изјави градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Овој центар во изминатите четири години имал над 14.000 посетители и има организирано повеќе од 350 различни настани.Со цел да се промовира и уште повеќе да ја прошири својата работа, планираме Центарот да ги редизајнира своите програми и да ангажира уште повеќе млади луѓе од Гостивар и околината. Програмите ќе бидат модифицирани и унапредени за да се осврнат на новиот контекст и предизвици со кои се соочуваат младите од Гостивар денес. YCC ќе продолжи да биде отворен за сите жители на Гостивар, како што беше и досега.

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте