spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се синоним за блокади и деструкции, може ли барем...

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се синоним за блокади и деструкции, може ли барем еднаш да покаже конструктивност или не?

Со своите неодговорни, нечесни постапки, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ станаа синоним за блокади, протести, бојкоти и закани.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со години прават сè за државата да не напредува, да не стане дел од Европската унија, да биде повторно изолирана и внатрешно поделено.

На граѓаните им е совршено јасно дека токму тие се главниот виновник за блокадите на сите процеси, мерки и политики што обезбедуваат подобар живот.

Поради таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не може да се донесе ребаланс, да се зголемат плати во важни сектори, да се реализира реформскиот процес.

Може ли Мицкоски макар еднаш да постапи конструктивно и да се стави на страната на интересите на граѓаните и државата?

Факт е дека маме добри заклучоци, имаме јасна визија за европската иднина, редно е Мицкоски барем еднаш да постапи во интерес на државата и граѓаните, да придонесе во овој процес, да престане да блокира и опструира и да застане на вистинската страна.

На Мицкоски одамна требаше да му стане јасно дека и со него и без него, иднината на Северна Македонија и нејзините граѓани е во ЕУ.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...