Струмица: Градоначалникот Костадинов им ја честиташе најновата победа на Пионерскиот состав на Академија Пандев генерација 2010

ОпштиниСтрумица: Градоначалникот Костадинов им ја честиташе најновата победа на Пионерскиот состав...

Најчитано

Градоначалникот Костадин Костадинов организираше прием за Пионерскиот состав на Академија Пандев генерација 2010 којашто е победник во својата конкуренција на годинашново издание на Драган Манце Купот во Белград, Србија каде учествуваа 40 екипи од поранешена Југославија, но и од Полска и Молдавија. Децата на тренерот Васко Тодоров покажаа одлични партии на турнирот и го кренаа победничкиот пехар, а Димитар Петров беше  прогласен за најдобар голман во својата конкуренција.

Градоначалникот Костадинов им ја честиташе победата и им посака уште многу победи на следните натпреварувања, а младите и успешни фудбалери му подарија топка на којашто ги напишаа нивните имиња.

Инаку, генерацијата 2010 на Академија Пандев беше учесник и во Македонската детска лига во ова генерација каде на национално ниво на завршниот турнир го освоија второто место.

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе