Валандово го добива првото инклузивно игралиште и прави уште еден исчекор кон сестрана заедница која вклучува и креира еднакви шанси за секој човек.
Детското игралиште, има за цел да ја подигне свеста за различностите на повисоко ниво, да овозможи место за игра на децата со попреченост со останатите деца и да направи уште еден чекор напред кон поголема инклузија во нашата заедница.
Изразувам благодарност кон амбасадата на СР Германија и здружението „ИСЧЕКОР – ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“, за иницијативата и партнерскиот пристап во реализацијата на овој проект.
Валандово е заедница на граѓани со големи срца. Го сакаме светот со многу бои, си подаваме рака еден на друг и се надопонуваме меѓусебно.
Извор: Општина Валандово