Со цел подобрување на условите за престој на сите ученици, но и за наставниот кадар, во моментов се работи со полна пареа во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Учениците добиваат целосно нов изглед на ова училиште, досега непроменет со години.
Изработена е целосна реконструкција на под на приземје со монтажа на високо квалитетни гранитни плочки со вкупна квадратура од 360 м2.
Реконструирани се постоечките санитарни јазли, вкупно 12 кабини. Во истите се поставува нова водоводна мрежа, нови санитарни школки, умивалници, подни и ѕидни плочки.
Нова енергетски ефикасна фасада со површина од 2.000 м2, а во завршна фаза е предната страна на фасадата од училиштето.
Извор: Општина Ѓорче Петров