spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Започна реконструкцијата на пешачката и велопатеката по булеварот Гоце Делчев

Град Скопје: Започна реконструкцијата на пешачката и велопатеката по булеварот Гоце Делчев

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје започнаа со реконструкција на пешачката и велопатеката по должина на булеварот Гоце Делчев, од двете страни на потегот од Стоковна куќа Мост до триаголникот кај мостот Гоце Делчев.

Пешачката и вело патека се реконструира на вкупна површина од околу 2.000 квадратни метри, односно 1.000 квадратни метри од левата страна и 1.000 квадратни метри од десната страна на наведениот потег.

Според планот за реконструкција во моментот се работи на отстранувањето на бекатон плочки и отстранување на руиниран асфалт, со подготовка на подлогата со тампон, за на крај овој потег да биде воспоставена вело и пешачка патека по сите стандарди.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...