Вчера министерот Алити оствари работен состанок со експертите и тимот на USAID-CIDR кои веќе со месеци работат со CICWG – работната група за оформување и зајакнување на капацитетот на критичната инфраструктура на Република Северна Македонија.
Министерот им се заблагодари на УСАИД за досегашната работа и постојната поддршка во оваа област, при што увери дека МИОА ја изразува својата подготвеност секоја страна во рамките на своите законски овластувања и надлежности, меѓу себе и во односот со останати надлежни институции да покаже заложба и да придонесе за поголем степен на унапредувањето на сајбер безбедноста на национално ниво преку зајакнување на капацитетите и развој на решенија за справување со сајбер закани, сајбер одбрана односно обезбедување на сигурен сајбер простор.
Меѓу другото, министерот Алити се согласи со предлозите кои како надградба на досегашниот успех на CICWG, опфаќаат и институционализација на работната група (CICWG) преку кое се очекува таа да добие сигурен мандат преку отпочнување дискусии со клучните засегнати страни за начинот на кој работната група би можела да се институционализира во рамките на Владата со прифаќање на моделот на 8 +1 сектори на критична инфраструктура, кој треба и дополнително да се договори со носителите на секторите и регулаторите.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација