spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСоцијален дијалог со ЌЕ и манипулации НЕМА

Социјален дијалог со ЌЕ и манипулации НЕМА

Ја прашуваме Минисерката за Труд и социјална политика, Јованка Тренчевска согласно нејзината изјава и ново ветување, за кои работници во јавен сектор како добра Влада без да Ви бараат синдикатите ЌЕ има К-15, дали за вработените во здраството, полицијата, армијата, просветните работници – целиот Јавен Сектор за 138.000 работници

Поточно каде е утвредено тоа право во кој Колективен договор или Закон или и тоа е нова манипулација на 138.000 работници со ,,ЌЕ” , или само за 15.000 работници во јавен сектор кои се под Гранскиот колективен договор на Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ при ССМ и тоа право им е загарантирано во колективниот договор па под присила на тужби кон државата имате и обврска да ги предвидите како средства но за жал ниту тие не се предвидени во ребалансот туку дополнително ЌЕ бидат предвидени според изјава на Вашиот колега Министер Fatmir Besimi

Методологијата уште ја чекаат работниците, но ценовните шокови по продавниците и новата цена на струјата не чекаат, а платите не се доволни да ги покријат новите методологии на Владата за зголемување на цените насекаде кој треба да ги плати работникот за да преживее

ССМ преку Општиот колективен договор за јавен сектор испорача јасни барања на кои Вие како Влада, иако јавно ветивте пред работниците, сега се глуми дека тоа не е така, а тоа се:

Линерно солидарно за 2806 денари усогласување на платите колку што порасна минималната плата и

Регрес К-15 за сите работници во Јавниот Сектор (кои го немаат тоа право)!

Дали работниците да живеат и преживуваат од методологија и од ЌЕ, во овие тешки моменти за нив и за нивните семејства со пораст на трошоци за живот од 14,5%

Работниците нема да заборават кој беше со нив кога им беше најтешко.

https://www.slobodenpecat.mk/trenchevska-rabotime-na-nova-metodologija-z…

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте