spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваТренчевска: Со гласно зборување влијаеме во борбата против насилството, стартува кампањата „Со...

Тренчевска: Со гласно зборување влијаеме во борбата против насилството, стартува кампањата „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е  Дирк Јан Коп вчера го означија почетокот на кампањата „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“, која има за цел подигање на свеста за насилството и воедно охрабрување за негово пријавување.

На денешниот настан присуствуваше и заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Kилиан Вахл, како и претставници на меѓународни и граѓански организации.

 

Во своето воведно обраќање министерката Тренчевска потенцираше дека, насилството не смее да се премолчува и затскрива, а претрпеното насилство не треба да предизвикува срам, туку спротивно, во борбата против насилството врз жените и семејното насилство треба гласно да се зборува, со цел негово спречување и обесхрабрување на лицата потенцијални вршители на насилство.

„Многу е важно уште од најрана возраст да развиваме свесност и ги учиме децата да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство, вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените. Постојаното гласно зборување и дејствување против родово базирано насилство ја зајакнува борбата и нè прави уште посилни и солидарни во добивањето на оваа важна битка, “ рече Тренчевска.

Таа посочи дека гласноста и преземањето конкретни активности се најмоќните оружја за искоренување на сите форми на насилство, а кампањите се важна алатка во превенцијата и заштитата oд насилство. Министерството за труд и социјална политика минатата година го донесе Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, чии што одредби јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата преку сеопфатни и интегрирани политики одлучно се посветува на превенцијата и заштитата на жртвите на родово базирано насилство врз жените и на семејно насилство.

Законот преку одредбата со која се регулира должното внимание на институциите, укажува дека превенцијата и заштитата од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство не е добра волја на поединецот, туку е обврска на државата преку сите надлежни институции да постапува одговорно, соодветно, навремено и ефикасно.

„За да можеме да зборуваме за успешна имплементација на ова законско решение и успешно справување со насилството врз жените и девојчињата и родово базирано насилство потребно е сите алки од синџирот на координираната борба против насилството, подеднакво да го даваат својот придонес,“ рече Тренчевска.

Согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство Владата формираше Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, кое е надлежно и за следење на политиките од областа на родово-базирано насилството врз жените и семејното насилство.

Министерството за труд и социјална политика на територијата на Република Северна Македонија има воспоставено специјализирани сервиси за жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во 7 плански региони на територијата на РСМ. Воспоставени се 13 Центри за жени жртви (и нивните деца) на семејно насилство, 10 специјализирани советувалишта за жени жртви на насилство и семејно насилство, 8 специјализирани советувалишта за психо-социјален третман за сторители на семејно насилство.

Услугите кои ги добиваат згрижените жртви опфаќаат заштита, поддршка на правaта, безбедноста и добросостојбата на жените и девојките жртви на насилство. Тие добиваат и безбедно сместување, советување и обезбедување информации за своите права. Дополнително се работи на економското јакнење на жртвата.

„Должност на секој од нас е да реагираме, да пријавиме, секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, треба да знаат дека не се сами. Тука сме ние како институции, нашите партнери граѓанските организации чија улога во општеството е многу значајна и секако поддршката од меѓународните организации, затоа што насилството не препознава пол, вера, нација, образование, професија, политичка припадност, како од страна на жртвата, така и од страна на насилникот. Само заедно, со заедничка борба можеме да ја добиеме борбата против насилството,“ порача Тренчевска.

Амбасадорот Н.Е  Дирк Јан Коп истакна дека еднаквите права на жените и девојчињата се едни од приоритетните теми на Кралството Холандија во надворешната политика што се однесува на човековите права, вклучително и важните прашања за справувањето со насилството врз жените, за што потврдува и именувањето на посебен амбасадор за правата на жените и родова еднаквост.

„Насилството врз жените и девојчињата сеуште е многу распространето во сите земји во светот вклучително и во мојата и нема да исчезне преку ноќ, меѓутоа наша заедничка и морална обврска е ова прашање секогаш да биде во центарот на вниманието. Не се работи за приватна работа, туку нешто што влијае на општеството како целина,“ потенцираше амбасадорот Јан Коп.

Холандија го поддржува Националниот акциски план кој произлегува од ратификувањето на Истанбулската конвенција која Северна Македонија ја усвои во 2017 година и ги поддржува напорите на нашата држава во справување со родово базирано насилство години наназад.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте