Започна реконструкцијата на дел од улицата „Кумановска“. Градежните работи опфаќаат гребење на завршен слој на асфалт, чистење и асфалтирање.
Во текот на изведување на градежните работи ќе има времен режим на сообраќај, односно ќе се врши запирање на сообраќајот по улицата со поставување на соодветни сообраќајни знаци.
Се замолуваат граѓаните, додека трае реконструкцијата, да покажат разбирање и да се придржуваат на воспоставениот режим на сообраќај, да не ги паркираат своите возила на улицата.
Градежните работи се очекува да траат 7 дена.
Извор: Општина Велес