Делчево: Информација во врска со детското игралиште во с. Вирче

ОпштиниДелчево: Информација во врска со детското игралиште во с. Вирче

Најчитано

Во врска со статусот објавен на фб-страницата delcevo365 на 10 јули и коментарите од граѓаните поврзани со детското игралиште во с. Вирче, Ве информираме за следново:

Детското игралиште во с. Вирче не е санирано поради реакција на сопственици на катастарските парцели, каде се наоѓа детското игралиште во ова село.

Имено, на иницијативата од МЗ с. Вирче за реконструкција на детското игралиште во селото пред две години, Општина Делчево во рамките на акцијата „Младите за поубаво и почисто Делчево“ пристапи кон санирање на игралиштето, но бидејќи површината што се користи за детско игралиште во селото е лоцирана на три катастарски парцели од кои на две катастарски парцели се сопственици жители на село Вирче, имаше силни реакции од сопствениците кои не дозволија да се пристапи кон санација на игралиштето, дури еден од нив своеволно, сакајќи да ја докаже својата сопственост, ја отстранил стативата од игралиштето.

Доколку, МЗ од селото и сопствениците на парцелите се согласат да се санира детското игралиште, Општина Делчево веднаш ќе пристапи кон негово санирање. Но, исто така, доколку сопствениците на двете парцели се согласни да се направи експропријација на земјиштето, Општина Делчево е подготвена да го откупи во интерес на младите и на жителите во селото.

Воедно, уште еднаш потсетуваме дека во рамките на акцијата „Младите за поубаво и почисто Делчево“, волонтери-младинци и претставници на граѓанските здруженија во претходниот период ги санираа игралиштата и урбаната опрема во населбите Милково Брдо, Стар Расадник, Ѕвегорска Река, тениското игралиште во Делчево, на кеј на „Брегалница“, во с. Тработивиште, с. Град и др. Најавуваме дека оваа позитивна практика ќе продолжи и наредниот период.

Исто така, сакаме да потенцираме дека објавувањето половични и непроверени информации, како што е овој статус објавен на фб-страницата delcevo365, не одат во прилог за решавање на проблемите, туку поттикнуваат ширење невистини, навреди и говор на омраза.

Општина Делчево е отворена за соработка и со граѓаните, со месните и урбаните заедници и со медиумите. 

Извор: Општина Делчево

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе