spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Обновена урбаната опрема на излетничкото место Скаменети сватови

Делчево: Обновена урбаната опрема на излетничкото место Скаменети сватови

Со нова урбана опрема се замени старата опожарена опрема на еден од најинтересните природни раритети во Делчево, познат како Скаменети сватови, Кукуље, кај с. Нов Истевник. Поставени се нови дрвени клупи, маси, канти за отпадоци со што овој импресивен природен раритет и едно од најпосетуваните излетнички места во Општина Делчево, повторно е подготвено да ги пречека своите гости, љубителите на природата.

Урбаната опрема која претходно беше поставена, настрада во големиот пожар кој го зафати регионот мината година во месец август, а инвестицијата во новата урбана опрема е на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Инаку, „Проектот за уредување и означување на туристички локалитет (природна реткост) Истевнички Кукуље“ го реализираше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во партнерство со Општина Делчево и ПСК Голак, при што се уреди и локалната планинарска патека од Истевник до Разловци, поставени се 3 информативни табли, 15 патокази и маркација со боја.

Овој проект претставува позитивен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и ќе придонесе да се збогати туристичката понуда на Општина Делчево и во регионот, во делот на активниот и авантуристичкиот туризам.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Митева: Владата донесе одлука – нема да има зголемување на платите...

0
Почитувани граѓани,  Почитувани медиуми,  На денешната 38ма седница на Владата беа донесени низа важни одлуки кои се во интерес на граѓаните. За таа цел ја информираме...