Делчево: Се гради пристапна улица кон ул „Кеј на Брегалница“

ОпштиниДелчево: Се гради пристапна улица кон ул „Кеј на Брегалница“

Најчитано

Деновиве започнаа градежни работи за изградба на крак кој води кон ул „Кеј на Брегалница“ во населбата Трети Реон зад комплексот на станебните згради. Во моментов се врши поставување рабници и се работи на долниот строј од улицата која е во должина од околу 100 метри, по што ќе следува поставување асфалтен слој.

Изградбата на оваа улица е дел од инфраструктурниот пакет финансиран од Буџетот на Општина Делчево во висина од 12.000.000 денари. Во рамките на овој пакет инфраструктурни проекти во првата фаза ќе се работи и на изградба на дел од ул „Грозданец“ во должина од 200 м, на пристапна улица кон улица „Илинденска“, како и изградба на  потпорен ѕид на ул. „Маршал Тито“ и потпорен ѕид на ул. „Острец“ во должина од 33 метри.

Изведувач на работите за изградба на општински улици е ОСД „Кирил“ од Скопје.

Извор: Општина Делчево

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе