Ви се случило ли некогаш кога пред вас се нашол предизвикот – решавање проблем, да се обидете да го дефинирате проблемот за полесно да ја добиете целосната слика?
Тоа е добар почеток.
Без разлика дали се работи за проблем на работното место или, пак, одредена животна ситуација, постојат неколку начини да одговориме на прашањето: Што е проблем?
Проблемот, некогаш, значи дека е ситуација која ни предизвикува тешкотии или нејасности во начинот на функционирањето. Но, многу често, проблемот може да е поттик кон нашиот раст и развој со неговото решавање.
Чекорот кој го правиме, кон едното или другото, во овој процес е одлуката или начинот на
решавање на проблемот.
Проблемот уште се дефинира и како:
– предизвик; загатка; мистерија; неразрешено прашање; ситуација којашто
бара решение и план.
Во поширока смисла, тоа е задача што го чека решението.
ПРОБЛЕМОТ ДЕЛ ОД РЕШЕНИЕТО
За подобро да го разбереме процесот – решавање проблем, од исклучителна важност е да се осврнеме кон организираноста. На тој начин проблемот можеме да го гледаме како нерешена сложувалка за која е многу важно (и буквално и метафорично) да ги oрганизираме сите делчиња по бои, приоритет, форма…, итн., за да ја добиеме големата слика/решението.
Доколку, во моментов се наоѓате пред ваков предизвик – решавање проблем,
можеби е добро да ги запишете клучните точки кои ги гледате како проблем, па
потоа запишете ги и „помалите“ или подточките кои се поврзани со проблемот – едноставно, класифицирајте ги, а потоа низ овој процес погледнете колку сте научиле од ова и, всушност, самите сте креатор на решението кое ви правело тешкотии.
Ако направиме еден zoom out, на сѐ погоренапишано, тоа буквално би значело дека решавање проблем, може да значи подобра организираност или, пак, добро
сложени/наместени делчиња и на крајот, подобра оптимизација.
АНАЛИЗА ЗА ПОДОБРО РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМ
Со сигурност можеме да заклучиме, дека проблемите се иницијатори на процесот на учење или, пак, уште можеме да кажеме дека проблемите се во служба на отпочнување на процесот на учење.
Многу често, и лесно, секој од нас може да падне во сопствена замка наречена „комфорна зона“, дури и ако тоа значи да останеме без решение на некој проблем кој ни пречи и не боцка како „камче во чевел“. Ви се случило нели?
Прогресот е надвор од комфорната зона. Конфронтирањето со проблемот, може да му даде конструктивна насока на целото поле во кое дејствуваме и на релациите кои ги градиме со другите луѓе. Можеме да започнеме со неколку едноставни прашања кои ќе не одведат до подетално анализирање на проблемот.
Со поставувањето на прашањата го минуваме процесот на разглобување на самиот проблем до најситни делчиња, а потоа го градиме решението.
Дел од прашањата кои можеме да (си) ги поставиме се: Што се случило? Кој сѐ е вклучен или засегнат? Зошто се случило?
Почнете од нив и гледајте како се одмотува клопчето.
Секој проблем е различен, и носи свој контекст, токму затоа нашиот тим од ЕСП, посветено работи на развој на човечките капацитети. Доколку овaa блог објава е инспирација да излезете од вашата комфорна зона, со тоа што ќе ги погледнете предизвиците во очи, оваа вештина – „Решавање проблем“ се изучува во рамки на обуката за „Решавање проблеми и донесување одлуки“.
Контактирајте нѐ за повеќе информации или посетете ја секцијата „Обуки и работилници“ на нашата веб-страница каде може да најдете сé што ви е потребно за вашиот личен и кариерен развој.
Извор: ЕСП Скопје