Дијалози за дисеминација на знаење за АМО
(серија на вебинари)
Во организација на работната група на ФАО за антимикробна отпорност (АМО) со релевантните технички мрежи на ФАО, секој втор четврток во месецот, од 12:30-13:30 по средноевропско време се одржуваат серија месечни вебинари чија цел е информирање на учесниците за одредени научни и технички теми поврзани со антимикробната отпорност (АМО). Меѓу другото, може да бидат вклучени и теми од микробиологија, епидемиологија, наука за животната средина или однесувањето, производство на растенија, здравствена заштита, итн.
Целта е да бидат покриени различни теми/дисциплини поврзани со АМО во храната и земјоделството, презентирани од професионалци од различни географски области и средини. Од учесниците се очекува да имаат основно познавање на АМО.
Исто така, учесниците имаат можност за презентација на наодите од сопственото истражување или студија. Контакт: Antimicrobial-Resistance@fao.org.
Повеќе информации за минатите и претстојните вебинари се достапни на следниот линк: https://www.fao.org/antimicrobial-resistance/news-and-events/events/en/
14 јули 2022 година, 12:30 – 13:30h
Optimizing veterinary antibiotics use through development of treatment guidelines and clinical breakpoints
Линк за регистрација:
https://fao.zoom.us/meeting/register/tJYode-srDIiHtYqm9mCTKkIMP9mscLPzwIe
Извор: Агенција за храна и ветеринарство