spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Богата програма за „Гевгелиско културно лето“

Гевгелија: Богата програма за „Гевгелиско културно лето“

И следната недела, Јавните општински установи Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Градска библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и Пионерски дом- Гевгелија организираат богата културна програма за „Гевгелиско културно лето“.

 

На 19 јули, 2022 година, на Стариот градски пазар, со почеток во 21:00 часот, денс-групата „Дива- Утопија, земја на соништата“ од Гевгелија ќе приреди музичко шоу, преставувајќи се со кореографии на урбана музика. На 20 јули, гевгеличани ќе имаат можност да се соберат на „Митинг“, во организација на „Диверзија“, на кој Дејан Малзарков со својот стендап- настап во спортската сала „26 Април“- Гевгелија ќе ја насмее публиката со оригиналните ликови на чик Ване, Пецко и Џоче. „Митингот“ ќе започне во 21:30 часот.
На платото пред Народниот Театар, со почеток во 20:00 часот, на 21 јули, ќе биде отворена Изложбата на Летната ликовна школа при ЈОУ Дом на култура „Македонија“. На поставката, ќе бидат изложени делата на 40 дечиња кои твореа за време на Летната ликовна школа, под менторство на ликовниот уметник, Александар Јанев.
Следната недела од „Гевгелиско културно лето“ завршува со Концерт на Фолкорниот ансамбл „Бојмија“, на 22 јули, 2022 година, на градскиот плоштад „Сава Михајлов“, со почеток во 20:30 часот.

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...