spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Извршено првото ларвицидно прскање против комарци

Гевгелија: Извршено првото ларвицидно прскање против комарци

Во рамките на годинашната дезинсекција против комарци на Југоисточниот плански регион, на подрачјето на општина Гевгелија се изврши првото ларвицидно прскање.

 

Со расфрлање гранулати на местата каде се лоцирани жаришта од размножување на комарци, беа третирани речното корито на реката Вардар, како и водотеци и стојни води во населените места од општина Гевгелија, на површина од скоро 10 хектари.

 

Согласно Одлуката донесена на една од седниците на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, во периодот што следи, на подрачјата на 10 општини од Југоистокот ќе бидат извршени уште едно ларвицидно прскање против ларви од комарци и едно авионско прскање против возрасни комарци.

 

Годинашниот третман започна со првото авионско прскање кое беше спроведено во втората половина на јуни.

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Митева: Владата донесе одлука – нема да има зголемување на платите...

0
Почитувани граѓани,  Почитувани медиуми,  На денешната 38ма седница на Владата беа донесени низа важни одлуки кои се во интерес на граѓаните. За таа цел ја информираме...