spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Бекатон плочи за улици од 2000 квадратни метри

Кисела Вода: Бекатон плочи за улици од 2000 квадратни метри

Голема акција за поплочување на улиците со павер елементи тече низ општина Кисела Вода. Во моментот се поплочуваат улици низ урбaната заедница Пинтија на површина од околу 1500 квадратни метри.

 

Се работи на четири улици на кракот 18 од улицата “Саса”. Со градежни активности се опфатени и неколку улици во населбата и во селото Драчево, на површина од околу 500 квадратни метри.

Во изминатите две седмици со бекатон се поплочува кракот на улицата “Киро Фетак”, а до крајот на оваа недела ќе биде завршено поплочувањето и на кракот на улицата “Солунска Глава”. Градежните активности за подобрување на естетиката , но и функционалноста на улиците не само во овие, туку и во другите месни и урбани заедници, ќе продоли со несмалена динамика и во наредниот период.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте