Амбасадата на Мексико во Белград преку македонската Амбасада во Белград известува за можноста за учество на објавен конкурс од Владата на Мексико за стипендирање странци во академската 2022 година.
Конкурсот е објавен на следнава адреса: https://www.gob.mx/amexcid/acciones-y-programas/becas-para-extranjeros-29785
Напомена: Сите пријави на македонските државјани мора да бидат електронски, како што е назначено во конкурсот, преку системот за управување на академска соработка ( SIGCA) https://sigca.sre.gob.mx/login
Крајниот рок за пријавување е 24 јули 2022 година.
Резултатите ќе бидат објавени на 15 август 2022 година.
Електронски пријави кои не ги исполнуваат условите наведени во конкурсот нема да бидат вклучени во селективниот процес.