spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Со поддршка на ЕУ, нов регионален проект за имплементација на Зелената...

МЖСПП: Со поддршка на ЕУ, нов регионален проект за имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан

Со задоволство се обратив на отварењето на воведната работилница на национало ниво за новиот регионален проект „ЕУ за зелено опоравување: Поддршка на имплементацијата на Зелената агенда за Западен Балкан“ финансиски поддржан од Европската Комисија, а имплементиран од Австриската агенција за животна средина.

 

Посебна благодарност упатив до ЕУ за поддршката особено во спроведувањето на Зелената Агенда и амбициозните националните цели  за намалување на климатските промени, што бараат покрај добра стручна подготвеност и многу финански средства.

Зелената агенда за Западен Балкан го поттикнува зелениот раст на Западен Балкан и економската  конвергенција со ЕУ на државите од овој регион, преку  поддршка во нејзината имплементација, во позеленување на нивните економии и во подобрување на мониторингот и известувањето, во консултација со сите релевантни партнери. При тоа акцентот е ставен на неколку области – Декарбонизација: клима, енергија, мобилност, Дезагадување: воздух, вода и почва, Биодиверзитет: заштита и реставрација на екосистемите, Циркуларна економија и Одржливо земјоделство и производство на храна.

IMG_20220718_141036

Вредноста на проектот е 11 милиони евра, а ги вклучува Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

IMG_20220718_141101

На воведната национална работилница се обратија и австрискиот амбасадор Н.Е. Георг Вуцас, претставници од ЕУ Делегација како и претставници на Австриската агенција за животна срединa.

#eu4green

#WesternBalkans

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...