Во организација на Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија вчера во Клубот на пратеници се одржа информативен настан за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти во рамки на билатералната развојна соработка помеѓу двете држави.
На настанот воведни обраќања имаа Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу Халили, Амбасадорот Милан Предан и Раководителот за развојна соработка и хуманитарна помош при Министерството за надворешни работи на Р. Словенија Роберт Кокаљ.
Преку присуството и презентацијата на Директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, Мојца Копше, претставниците од единиците на локалната самоуправа, институции и организации добија можност подетално да се запознаат со критериумите, условите и постапката за аплицирање на повикот.
На настанот беше потпишан и грант договор помеѓу Општина Охрид и Центарот за меѓународна соработка и развој на Р. Словенија за кофинансирање на реконструкција на филтер станица за вода за пиење со што ќе се овозможи пристап до питка вода за околу 55.000 жители на општината.
Повикот за развојни проекти ќе биде отворен до 15.08.2022 година, а сите детали може да се најдат на линковите во продолжение:
https://www.sep.gov.mk/post/?id=12053#.YtaH1nZByUk