spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Обезбедени средства за поквалитетно водоснабдување во Охрид

Охрид: Обезбедени средства за поквалитетно водоснабдување во Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков во Скопје го потпиша грант договорот со Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија за обезбедување на средства во вредност од 150.000 евра, кои ќе бидат наменети за подобрување на условите за водоснабдување во Охрид.

Договорот беше потпишан во рамки на Информативниот настан на Секретаријатот за европски прашања на македонската влада и Амбасадата на Република Словенија.

Според планираното, ќе биде извршена реконструкција на пречистителна станица и набавка на нови филтри за пречистување на вода, за потребите на ЈП „Водовод“ . Со овој проект ќе се овозможат посовремени услови за пречистување на водата и ќе се обезбеди поквалитетна и поздрава вода за пиење за сите жители на Општина Охрид.

Средствата кои се обезбедени преку грантот од Република Словенија, покриваат половина од вкупната вредност на целиот инвестициски зафат, а останатите средства Општина Охрид ги има обезбедено преку Министерството за транспорт и врски.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....