spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Ќе се гради првиот булеварски мост во историјата на Струмица

Струмица: Ќе се гради првиот булеварски мост во историјата на Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов и сопственикот на градежната компанија „Жикол“ Никола Пандев, денеска го потпишаа договорот за изградба на мост на реката Водочница на трасата на булеварот „Братство Единство“ во урбаниот дел од градот.

Мостот на река Водочница е прв булеварски мост кој ќе биде изграден во историјата на Струмица, вреден 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Струмица. Според градоначалникот Костадин Костадинов, мостот „Обединување“ е најзначајниот проект за отворање ново грло во градот и развој во тој дел и основа за реализација и на новиот градски пазар кој е во фаза на проектирање.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....