spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиУЈП: Непознато лице, лажно се претставувало дека работи во УЈП,заради остварување на...

УЈП: Непознато лице, лажно се претставувало дека работи во УЈП,заради остварување на имотна корист

Управата за јавни приходи известува дека изминативе денови непознато лице, лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приходи како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што истите го имале спрема Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи вчера дојде до оваа информација, и согласно член 391 од Кривичниот законик веднаш ја пријави оваа случка во Министерството за внатрешни работи во ОВР Кавадарци.

УЈП известува дека задолженијата што даночните обврзници ги имаат (согласно даночните решенија и пријави) и уплатите, преку носителите на платен промет и трезорскиот систем се книжат автоматски. Само со плаќање на даночниот долг преку носителите на платен промет и трезорскиот систем може да престане обврската на даночниот должник.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да не потпаѓаат под вакви дејствија на поединци.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...