АХВ: Подготвителен состанок за аудитот на ЕК за условите за извоз на консуми јајца пазарот на ЕУ

Самостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Подготвителен состанок за аудитот на ЕК за условите за извоз на...

Најчитано

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски вчера со претставници од надлежните сектори во Агенцијата, во Стопанската комора на Северна Македонија, одржа подготвителен состанок со членки  на Групацијата за живинарство при Комората кои се одобрени за извоз на консуми јајца во Европската унија. Целта на состанокот беше презентирање аудитот кој наскоро ќе го спроведат експерти од Европската комисија (ЕК) кај оваа категорија оператори со храна, а кој се однесува на условите за извоз на консуми јајца и производи од јајца на европскиот пазар.

Со цел навремено обезбедување на потребната документација од страна  на операторите за ефикасно и ефективно реализирање на аудитот од страна на ЕК, на операторите им беше детално објаснето кои документи од областа на здравствената заштита, спроведувањето на Повеќегодишниот контролен план за болеста салмонела кај живината, како и документација која се однесува на задолжителната вакцинација и реализација на Годишниот план за здравствена заштита на животните кој го спроведува Агенцијата, а кои се неопходни за реализација на аудитот. Со оваа алатка, ЕК ќе ја провери функционалноста на системот за контрола на јајцата и производите од живина кои се извезуваат во ЕУ и ќе препорача корективни мерки за надминување, доколку се утврдат слабости.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе