spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Меѓуинституционална соработка со НБРСМ

АПЈ: Меѓуинституционална соработка со НБРСМ

Тим на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ (АПЈ) предводена од директорот, Илбер Села, ја посети Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), кое беше примен од тимот на оваа банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Првично, тимот на АПЈ го посети музејот на НБРСМ, каде се запозна со различните артефакти кои се користат во локалната валута – денарот.

Потоа, двата тима одржаа заедничка средба, а тема на разговор беше имплементацијата на Законот за примена на јазикот.

Гувернерката Бежоска извести за тешкотиите со кои се соочуваат при преводот и лекторирањето на различните материјали што ги подготвува НБРСМ, но сепак се трудат да ја исполнат секоја законска обврска.

Од друга страна, директорот Села ја понуди поддршката на АПЈ, како законска обврска која продолжува да се нуди на секоја институција која има потреба за тоа.

Двете страни се согласија да го продолжат досегашниот дух на меѓуинституционалната соработка.

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...