Гази Баба: Се оддржа 12от Меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба 2022

ОпштиниГази Баба: Се оддржа 12от Меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба 2022

Најчитано

Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред присутните гости и го отвори дванаесетиот Меѓународен фолклорен фестивал “Гази Баба 2022” на кој домаќин беше Ансамблот за народни песни и ора „Јонче Христовски“ од Автокоманда.

 Покрај повеќе уметнички друштва и ансамбли од Република Македонија на фестивалот учествуваа и уметнички друштва од повеќе држави, фолклорниот ансамбл „Севдах“ од Врање, Р. Србија, КУД „Иван Капистран Адамовиќ од Чепин, Р. Хрватска и фолклорниот ансамбл „Пастрина“ од Монтана, Р. Бугарија.

Изминатите три дена фестивалот се одржуваше низ повеќе населени места во општина Гази Баба, Автокоманда, Булачани и последната вечер во Маџари.

Во ова време кога Република Македонија е исправена пред сериозни предизвици ние ја имаме можноста од Гази Баба на сите да им порачаме дека нашиот фолклор е чувар на македонската посебност, а нашата култура столб на македонската државност.

Градоначалникот Стефковски и општина Гази Баба и во иднина ќе даваат силна поддршка на проектите за афирмација на македонскиот фолклор и култура.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе