spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Вработените ќе добијат повисоки плати за 2800 денари

Гази Баба: Вработените ќе добијат повисоки плати за 2800 денари

Утрово претставниците на Синдикалната организација во општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски потпишаа измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација и вработените во ЈКП Гази Баба за 2800 денари.

Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што допринесе  за донесување на оваа одлука.

Оваа мерка дополнително е и за да се мотивираат вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите.

Извор: Општина Гази Баба 

 

Прочитајте