spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Санација на тринаесет улици во населба Драчево

Кисела Вода: Санација на тринаесет улици во населба Драчево

Реконструктивни зафати на тринаесет улици во населбата Драчево се одвиваат во моментов во општина Кисела Вода. Градежните активности кои опфаќаат гребење на оштетениот и дотраен асфалт се во тек.

Се работи за сообраќајници на кои никој не интервенирал повеќе од 50 години иако жителите од овој дел на Скопје интензивно ги користат во своето секојдневие.

“Шандор Петефи”, “Чупино Брдо”, “Иван Тургењев”, “Риза Ризов”, “Радослав Петковски”, “Дарвинова”, “Стари Новакија”, “Ромен Ролан”, “Ѓорѓи Динката”, “Иван Мажураниќ”, “Иван Мешторовиќ”, “Раде Дакиќ”, “Димитар Гуштанов”, се улиците со површина од 8545 квадратни метри, кои до средината на август ќе бидат целосно асфалтирани и ставени во функција.

Градежните зафати за подобрување на патната мрежа низ општина Кисела Вода продолжуваат со голем интензитет и во наредниот период. Се интервенира низ сите месни и урбани заедници, со што приоритетни се најфревентните и оние улици каде декади наназад не е извршена никаква инвестициска и градежна активност. Во изминатиот период Општина Кисела Вода ги санираше сите улици во Пржино, во Црниче ваков зафат претрпе Рилски Конгрес, а се привршува и улицата Наум Охридски. Целосно беше асфалтирана улицата Пушкинова со сите нејзини краци, како една од најфреквентните улици во урбаната заедница 11 Октомври Згради, а во моментов тече и поплочувањето со павер елементи на околу 2000 квадратни метри површина на улици низ Пинтија и Драчево.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...