spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работни средби со Работната група за спроведување на Националниот Акциски план...

МИОА: Работни средби со Работната група за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година

Министерството за информатичко општество и администрација, во рамки на редовните активности во процесот на координација на иницијативата за Партнерство за отворена власт и посветената поддршка на институциите и организациите вклучени во овој процес, во периодот 12-14.07.2022 година спроведе поединечни работни средби со Работната група со сите чинители за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година.

Целта на работните средби беше во насока на поддршка на процесот на имплементација и известување за Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година. Во текот на работата се оствари дискусија за статусот на реализација на заложбите и достигнувањата од Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година, начинот на работењето на работните подгрупи и подготовка на придонеси за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година и користење на порталот www.ovp.gov.mk.

На работните средби активно учество земаа претставниците на институциите и граѓанските организации во петте приоритетни области Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност,  Спречување на корупција и промовирање на добро владеење , Унапредување на испораката на јавните услуги,  Пристап до правда  и Животна средина и климатски промени и дискусија се оствари за 23 заложби.

Сите новини во однос на иницијативата за Партнерство за отворена власт се достапни на порталот www.ovp.gov.mk.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...