Заврши асфалтирањето на улица „Ирина Мирка Гинова“ во непосредна близина на „Отпадот“.
Асфалт е поставен по должина од 430метри, а ширината на улицата е 4,5 метри.
Со реализација на проектот се решава долгогодишниот проблем со кој се соочуваа жителите од овој дел на градот кои одеа по каллив или прашлив пат во зима и лето.
Асфалтирањето на улицата „Ирина Мирка Гинова“ е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на општината.
Извор: Општина Охрид