spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваБесими: Градиме подобра иднина, во услови на криза по криза се реализираат...

Бесими: Градиме подобра иднина, во услови на криза по криза се реализираат инфраструктурни проекти што ќе го поддржат економскиот раст

– Од денеска сме сведоци дека Европската Унија станува реалност и секој ден сме поблиску до семејството на ЕУ. Започнуваме еден проект којшто е директно поврзан со поддршката од ЕУ, со европски грант од програмата за Западен Балкан. Тоа ќе овозможи да се поврземе со соседните земји, од една страна со Бугарија и од друга со Албанија, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими во своето обраќање на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договорите за изградба на првата и втората фаза од проектот за железничко поврзување со Република Бугарија на Коридорот 8 и рехабилитација на дел од пругата на Коридорот 10.

„Развојот на нашата земја е директно поврзан со инфраструктурата долж Коридорот 8 и Коридорот 10, како главни инфраструктурни проекти што ја прават РС Македонија крстосница на овие европски коридори. Тоа значи поголем БДП, подобра иднина, поголем развој на туризмот, поквалитетен живот и помалку загадување“, потенцира Бесими.

Со ова се потврдува дека делот од јавниот долг што се финансира преку кредити, како што се поволните кредити од ЕБОР и грантот од ЕУ „ни дава можност да реализираме вакви значајни проекти кои не само економски туку и политички исклучително важни во овој период“.

 

Притоа, министерот Бесими нагласи дека со ребалансот се предвидени 520 милиони евра за капитални расходи, што е 11 проценти од вкупните расходи во Буџетот.

„Ова е историски највисоко ниво како структура на расходната страна на Буџетот, но и во номинален износ капиталните расходи се историски највисоки, и тоа во период кога од 2020 година наваму се соочуваме со последователни кризи. И сега, во ек на енергетска криза и инфлација, продолжуваме со реализација на овие проекти“, нагласи министерот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...