spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: ЈКП ,,Илинден” со ново возило за комунален отпад

Илинден: ЈКП ,,Илинден” со ново возило за комунален отпад

Возниот парк на ЈКП ,,Илинден” од општина Илинден се поднови со  специјално возило за подигнување на контејнери од 5.5 м³.  Во наредниот период ќе се изврши набавка и на специјално возило за подигнување на отпад од 5 м³.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го посети претпријатието и го разгледа возилото истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на  квалитетот на услугите, а со набавката на овие возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие и ќе се обновува стариот и дотраен возен парк.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека, со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие ,,Илинден” ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП ,,Илинден”.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија