spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Ќе отвориме сериозна јавна расправа, целта ни е успешен процес на...

Маричиќ: Ќе отвориме сериозна јавна расправа, целта ни е успешен процес на уставни измени

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на новинарско прашање на денешната прес-конференција, ги откри плановите спроведување на потребните уставните измени за затворање на почетната фаза за преговори со ЕУ.

Ние сè уште немаме утврдено календар и динамика за започнување на уставните измени, но тоа е наша обврска тоа треба да го завршиме до крајот на скринингот, најдоцна. Внимателно ќе ги разгледаме околностите, начинот на кој би го отвориле дијалогот во Собранието и целта на отворање на уставните измени е тие да завршат успешно, не да завршат неуспешно”, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој посочи дека пред да се отпочне постапката претстојат консултации со експерти коишто се разбираат и во Уставно право и учествувале во претходните фази на промена на Уставот, како и дека моментот кога ќе се утврдат текстот и потребата ќе отпочне тој процес.

„Најважно е да создадеме една атмосфера којашто ќе нема да се повтори онаа слика во Собранието која ја имавме минатата недела која не овозможуваше ниту услови за дијалог, ниту услови за нормална размена на аргументи. Сакаме да биде тоа процес во којшто ќе имаме отворена, сериозна, јавна расправа со вклучување на чинителите, на претставници на заедниците коишто треба да бидат вклучени во Уставот. Сметам дека во содржинска смисла овие уставни измени би биле веројатно најлесни од сите до сега. Зборувам во содржинска смисла, бидејќи ние имаме веќе 7 заедници во Уставот треба да додадеме уште најмалку 3 или уште колку ние ќе решиме во тој процес”, објасни Маричиќ.

Според него, во однос на овие прашања има два типа на патриоти, едни коишто остануваат само на убави или лоши зборови и други коишто работат на дело.

„Да го заштитиме нашиот идентитет, Македонски јазик, идентитет и посебност и да станеме членка на ЕУ. Тоа се наши цели уште од самото осамостојување како држава и ние како Влада сметавме и сè уште сметаме дека се тоа остварливи цели во исто време. Дека можеме да останеме Македонци кои говорат Македонски јазик и да бидеме членки на ЕУ. Мислам дека сме на добар пат тоа да го оствариме, рече Маричиќ, потсетувајќи дека изминатите 5 години Владата има направено сериозни чекори за заштита на Македонскиот јазик и идентитет и дека токму во овој период е впишан Македонскиот јазик во ООН, е впишан во советот на Европа, во НАТО, впишан во ОБСЕ и во сите меѓународни организации каде што Северна Македонија е членка, што според Маричиќ е многу поважно и попатриотски од која било друга симболика”, истакна вицепремиерот Маричиќ.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...