spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Потребни се усогласени и координирани активности за подобра заштита на прекуграничните...

МЖСПП: Потребни се усогласени и координирани активности за подобра заштита на прекуграничните заштитени подрачја

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, завчера оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, Н.Е.Флориан Ќехаја.

На средбата од двете страни беше изразено задоволство за одличната комуникација и добрата соработка во повеќе области од заемен интерес, како и заедничката посветеност кон европските принципи.

Нуредини и Ќехаја разменија мислења и ги разгледаа можностите за унапредување на билатералната соработка во делот на заштита на животната средина, особено во прекуграничните заштитени подрачја.

 

Во тој контекст посебен акцент се стави на развивање на соработката на новоформираниот национален парк Шар Планина со косовскиот национален парк Шари и воспоставување и усогласување на принципите на управување и планирање на активности со кои би се овозможил повисок степен на заштита од природни непогоди, пожари, на биодиверзитетот и спречување на нелегални активности и како и полесен пристап до меѓународните донатори. Ваквата соработка отвора можности и за продлабочување на веќе воспоставената соработката со ПОНТ и Глобал Конзернвејшн фондот, но и пристап до други донаторски организации.

Заеднички беше ставот дека со воспоставување на добра соработка ќе се создадат и поволни услови за одржлив развој на подрачјата, подобрување на социо-економската состојба на населението, развој на еко-туризмот и слично.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...