Општина Охрид упатува апел до мештаните и туристите во село Љубаништа во иднина да поводат поголема грижа за јавната чистота и повеќе да не го фрлаат комуналниот отпад на јавни површини и со тоа да прават диви мини депонии.
Отпадот да го фрлаат во контејнерите кои уредно се поставени на површина предвидена за таа намена, а чиј број периодов е зголемен од два на пет.
Во спротивно, доколку надлежните инспекциски служби и во иднина утврдат фрлање отпад на несоодветно место сторителите ќе бидат казнети согласно Законот.
Извор: Општина Охрид