spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Еднократна помош за прваче

Валандово: Еднократна помош за прваче

Објавен е повик за доделување на еднократна парична помош за семејствата кои имаат прваче, како мерка за поддршка од страна на Општина Валандово.

Мерката предвидува еднократен додаток од 4000 денари за секое прваче во општината и истата има за цел да ги олесни почетните трошоци за новиот ученик во семејството.

Паричната помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање до Општина Валандово, од страна на член на семејството на ученикот.

Барањето за остварување на еднократна помош за прваче, може да се поднесе:
– онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа „мЗаедница“, во делот за „Субвенции“;
– писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово.

Непополнето барање е прикачено на официјалната веб страна на општината и може да се симне на следниот линк:
https://valandovo.gov.mk/Општини/Услуги/Обрасци.aspx

Документи кои треба да се достават во прилог на барањето се:
– потврда од Општинско основно училиште за запишан ученик во прво одделение во тековната учебна година;
– фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
– фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителот-подносител на барањето;
– фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-подносител на барањето;

Аплицирањето за еднократниот додаток ќе може да се реализира до 31.08.2022 година.

Заедно креираме сестрана заедница, ја развиваме солидарноста како вредност и меѓусебно се поддржуваме.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...